Skip to content Skip to footer

Trace Solutions digital day Macedonija 2026

Дигитална трансформација на производството и логистиката во пракса

Реални примери од индустријата и LIVE DEMO на Trace дигитални решенија

📅 7 мај 2026
 📍 Локација: Хотел Marriot – Скопје
 🎟️ Бесплатно учество и ограничен број на места

Зошто овој настан е важен за вашата компанија?

Производствените компании во Македонија се соочуваат со зголемени трошоци, недостиг на кадар, недоволна прегледност на деловните процеси и потреба од поголема ефикасност. 

Дигитализацијата на производството и логистиката повеќе не е опција – таа е неопходна за стабилен раст и конкурентност.

Овој стручен настан е посветен на дигиталната трансформација во реална индустриска средина, со конкретни примери, бројки и практична демонстрација – без теорија и празни ветувања.

Што ве очекува и зошто не смеете да го пропуштите овој настан?

  • Како дигитализацијата директно ги намалува трошоците, ги елиминира грешките и ги забрзува производствените и логистичките процеси
  • Зошто сé повеќе индустриски компании воведуваат Trace Solutions дигитални алатки и какви мерливи резултати постигнуваат
  • Конкретни примери кои покажуваат каков ROI е можен во првите 3–12 месеци
  • LIVE DEMO на Trace Solutions системите (MES, WMS, QMS, APS, ACS) во реални услови
  • Студија на случај– Тим Електро Плус
  • Интерактивна дискусија и можност за директни прашања до тимот за имплементација
  • Networking (вмрежување) со компании од индустријата и потенцијални партнери

     

⚠️ Компаниите кои денес не започнуваат со дигителизација, утре плаќаат повисока цена преку пониска продуктивност, поголеми трошоци и изгубени деловни можности.

 

Централна тема на настанот

Студија на случај – Тим Електро Плус

Дигитална трансформација во пракса

Во разговор во живо ќе учествувааат:

  • Љубиша Веселиновски, Тим Електро Плус
  • Marjan Kralj, Trace Solutions

     

Што ќе дознаете:

  • Како Тим Електро Плус пристапи кон дигитализација на деловните процеси во работењето и логистиката,
  • Со какви предизвици се соочуваа пред воведувањето на дигиталните системи,
  • Зошто се одлучија за соработка со Trace Solutions,
  • Кои конкретни подобрувања, резултати и придобивки ги постигнаа со имплементацијата.

     

Настапот ќе биде реализиран како практичен дијалог, каде:

  • Љубиша ги споделува искуствата и одговорите,
  • Тимот на Trace во живо прикажува како тие процеси изгледаат во системот.

     

LIVE DEMO: Trace Solutions дигитални системи

Ќе биде прикажано користење на решенијата на Trace во реално време:

  • Од прием на материјал,
  • Преку производство,
  • До готов производ и логистика.

👉 Го поставуваме прашањето – решението го гледате веднаш во системот

За кого е наменет настанот?

Настанот е наменет за:

  • Сопственици и директори на производствени компании,
  • Раководители на производство,
  • Раководители на логистика и синџири за снабдување,
  • Носители на одлуки кои размислуваат за дигитална трансформација.

     

За дигиталните решенија на Trace Solutions

Trace BS е водечка компанија за испорака и имплементација на индустриски IT решенија во регионот, специјализирана за дигитализација на производни и логистички процеси.

Решенијата вклучуваат:

  • Дигитализација на производство (MES),
  • Дигитализација на магацини и логистика (WMS),
  • Следливост на материјали и производи,
  • Контрола на квалитет,
  • Одржување и оптимизација на процеси.

Trace дигиталните алатки ги користат десетици производствени  компании во регионот.

Пријава за настанот

Учеството е бесплатно, но бројот на места е ограничен.
Потребна е претходна регистрација.

Агенда
09:00 – 10:00
Регистрација на учесниците
Прием на учесниците, утринско кафе и првично вмрежување
10:00 – 10:05
Воведен поздрав
Краток вовед во настанот, цели на средбата и преглед на програмата
10:05 – 10:35
Теоретски вовед: зошто дигитализација
Преглед на трендовите во дигитализацијата на производството и логистиката и како компаниите може да постигнат постабилен раст со примена на дигиталните алатки
10:35 – 12:15
Студија на случај + LIVE DEMO: Trace дигитални системи
Тим Елетро Плус & Trace BS Практичен приказ и демонстрација на користење на решенијата на Trace во реално време – од прашање до одговор директно во системот. Разговор во живо за дигиталната трансформација: ● Зошто и како започна процесот на дигитализација, ● Кои беа главните предизвици пред имплементацијата, ● Што се промени по воведувањето на системите на Trace, ● Кои резултати се мерливи и релевантни.
12:15 – 13:00
Одмор
Пауза за освежување и неформално вмрежување
13:00 – 13:45
Round table – Интерактивна дискусија и Q&A
Отворена дискусија со учесниците: ● Инвестиции, ● Пречки, ● Најчести грешки, ● Реален ROI од дигитализацијата.
13:45 – 15:30
Networking
Ручек и неформално вмрежување со учесници, говорници и индустриски експерти.
Kontaktirajte nas

Opekarniška cesta 5
2270 Ormož
Slovenija, EU

Telefon: +386 (0)2 741 17 61
E – pošta: info@trace.si

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.